Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата,...
صحيح
متفق عليه

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни објаснува дека сите дела ќе се вреднуваат според намерата, и таквиот пропис е општ и се однесува на...
Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, кој раскажува: Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави човек во сосем...
صحيح
رواه مسلم

Омер, радијаллаху анху, нѐ известил дека Џибрил алејхи селам, дошол кај асхабите радијаллаху анхум, во облик на човек кој не го познавале, една од нег...
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој...
صحيح
متفق عليه

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува кое е правото на Аллах кон Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах. Правото на Ал...
Пренесено е дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Оној што внесува во нашата вера она што не...
صحيح
متفق عليه

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе...
Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Исламот се темели врз пет (столба): сведоштво...
صحيح
متفق عليه

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го споредува исламот со прецизно изградена зграда, која има пет темели во објектот, а останатите пропишани дела се...

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни објаснува дека сите дела ќе се вреднуваат според намерата, и таквиот пропис е општ и се однесува на сите дела било да се ибадети или меѓучовечки односи, тој што наумил со своето дело некоја корист нема да има друга награда освен таа корист и нема да добие никаков севап, а кој ќе науми со своето дело да му се приближи на Аллах Возвишениот, тогаш со тоа дело ќе добие награда дури ако се работи за некое вообичаено дело, како што е јадење или пиење. Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример со кој го толкува влијанието на намерата во делата кои наизглед се идентични однадвор, ни појасни дека тој што наумил со својата преселба, оставајќи ја својата татковина, да го постигне задоволството на својот Господар, неговата хиџра ќе биде според според прописите и прифатена, ќе биде награден за неа заради искреноста во намерата, додека тој што наумил со својата преселба некоја овосветска корист: пари, углед, трговија или брак, тој со својата преселба ќе ја има само таа корист за која ја направил, и нема да биде награден со севапи.
Hadeeth details

Омер, радијаллаху анху, нѐ известил дека Џибрил алејхи селам, дошол кај асхабите радијаллаху анхум, во облик на човек кој не го познавале, една од неговите особини беше белата облека, и црна коса, врз кои не се забележуваше трага од патување како што е измореност, прашина, бушавост и неуредна облека, и никој од присутните не го познаваше, тие седеа кај Аллаховиот пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, и тој седна пред него како што седнува ученик, и го праша за исламот на што доби одговор дека исламот е потврда на два сведоштва, извршување на петте молитви, издвојување на милостина кон тие на кои им е потребна, пост во месец рамазан, и патување на аџилак за тие кои имаат можност за тоа. Тој што прашуваше кажа: „Ја кажа вистината." Асхабите беа зачудени од прашањето кое укажуваше дека очигледно не знае за тие работи а потоа го потврдува одговорот. Потоа го прашува за столбовите на иманот - верувањето, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори дека се шест и го опфаќаат верувањето во постоење Аллах Возвишениот и во Неговите својства, да веруваме дека само Нему Му припаѓаат одредени дејствија како што е создавањето, исто така само Него да Го обожуваме. Потоа верувањето во мелеците кои Аллах ги создал од светлост, тие се чесни робови, не му се спротивставуваат на Аллах Возвишениот во Неговите наредби туку според нив постапуваат. Верувањето во објавените Книги од Аллах кон Неговите пратеници, како што се Куранот, Тевратот, Инџилот и другите. Верување во Веровесниците испратени од Аллах да ја достават Неговата вера, а помеѓу нив се Нух, Ибрахим, Муса, Иса и последниот од нив Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, како и другите Веровесници и пратеници. Потоа верувањети во Судниот ден, во тоа спаѓа и она што се случува после смртта во гробот и животот во берзех, и тоа дека човекот ќе биде оживеан по смртта и ќе полага сметка, а потоа неговиот крај ќе биде или во Џенетот или во Џехенемот. И на крај верувањето дека Аллах ги одредил сите работи според предходното знаење кое го имаше и Мудроста која го одобри тоа, Тој го запишал сето тоа, бидејќи така беше Неговата Волја, и сѐ ќе се случува онака како што Тој претходно одредил и го создал. Потоа го прашал за ихсанот - добродетелството, па му одговорил дека ихсан е да Го обожаваш Аллах исто како да Го гледаш, а ако не е во можност да се достигне овој степен тогаш Аллах ќе се обожува со сознание дека Тој него го гледа. Првиот степен е степен на гледање и тој е на повисоко ниво, а вториот степен е степен на надзор. Потоа го прашува кога ќе настапи Судниот ден? Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори дека знаењето за Судниот ден е скриено кај Аллах и само Тој го знае, и дека никој друг од созданијата не знае за тоа ништо, ниту знае оној што е прашан ниту оној што прашува. Потоа го прашал за предзнаците на Судниот ден? Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го известил дека еден од предзнаците е голем број на заробени жени и на нивните деца, или големо непочитување на децата кон своите мајки, кон кои ќе се однесуваат како што се однесува кон робинката, и предзнак пред крајот на светот ќе бидат чобани и сиромашни кои ќе заработат богатства, и ќе се натпреваруваат во украсување и изградба на големи објекти. Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, соопшти дека тој што прашува е Џибрил кој дошол да ги научи асхабите за оваа чиста вера.
Hadeeth details

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува кое е правото на Аллах кон Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах. Правото на Аллах кон Неговите робови е да Го обожуваат само Него и да не Му припишуваат ништо како здруженик. И дека правото на робовите кон Аллах е да не ги казни оние кои не Му припишуваат ништо/никого како здруженик. Потоа Муаз праша: „О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова за да се радуваат и да се надеваат за оваа благодат?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го спречи, стравувајќи да не се потпрат само врз тоа.
Hadeeth details

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе биде одбиено и нема да биде прифатено од Аллах.
Hadeeth details

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го споредува исламот со прецизно изградена зграда, која има пет темели во објектот, а останатите пропишани дела се како надградбата на овој објект. Првиот столб е: двете сведоштва. Сведоштвото дека нема бог достоен за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Негов пратеник. Овие две сведоштва претставуваат еден рукн (темел), едното не може да се одвои од другото. Затоа, Аллаховиот роб е должен вербално да потврди дека Возвишениот Аллах е Еден и дека само Тој заслужува да биде обожуван и да постапува според тоа, а потребно е да го потврди пратеништвото на Мухамед и да го следи. Вториот столб е: извршувањето на намаз, кој вклучува пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта: утрински (сабах), пладневен (зухр), попладневен (аср или икиндија), вечерен (магриб или акшам) и јација или иша'; со сите нивни шартови, рукнови и ваџиби. Третиот столб е: давањето задолжителен зекат. Тоа е имотен ибадет задолжителен за одредени видови имот, доколку го поседува во количина над одредената со верозакон граница, и им се дава на оние за кого е пропишан. Четвртиот столб е: извршување на аџилакот/хаџот. Тоа е посета на Мека за извршување на одредени обреди со кои луѓето го обожуваат Семоќниот Аллах. Петтиот столб е: постот на месецот памазан. А тоа е воздржување од јадењето, пиењето и другите работи кои го прекинуваат постот, од зората до зајдисонце со намера да Му се приближиме на Семоќниот Аллах.
Hadeeth details

Муаз, радијаллаху анху, еднаш беше зад Аллаховиот пратеник, алејхи селам, додека јаваа камила, а Пратеникот го повика: „О, Муаз!“, и го повтори тоа трипати за да ја нагласи важноста на она што ќе го каже. Муаз, радијаллаху анху, секогаш му одговараше со исти зборови: „Ти се одѕивам, о Аллахов пратенику, и ти се покорувам.“ Т.е. одговарам на твојот повик, о Аллахов пратенику и тоа го правам со задоволство. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, потоа го известил дека секој кој искрено ќе потврди дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов пратеник, и тоа го направи со искрено убедување, без лажење, и ако умре со таков став, Аллах ќе го заштити од пеколниот оган. Муаз го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дали може да им ја пренесе на луѓето оваа информација за да ги израдува и да се радуваат на доброто? Но Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се плашеше луѓето да не се опуштат и како резултат на тоа да прават помалку добри дела. Затоа Муаз ова никому не го кажуваше, сè до пред својата смрт, кога им го пренел овој хадис плашејќи се да не направи грев – криење на знаењето.
Hadeeth details

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува дека оној кој сведочи со јазикот дека не постои вистински бог освен Аллах, и негира сè што се обожава покрај Него и се огради од сите религии освен исламот – тој го заштитил својот имот и живот кај муслиманите. Ние судиме врз основа на она што се манифестира и нема да му се конфискува имотот или да му се одземе животот, освен ако направи некаков прекршок или злодело што ја повлекува одредената казна според исламското законодавство. Аллах ќе ја сведе пресмета за секого на Судниот ден, ако некој бил искрен, ќе го награди, но доколку се однесувал со лицимерие, ќе го казни.
Hadeeth details

Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за двете патеки: едната води кон влезот во Џенетот, а другата кон влезот во Огнот. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: Патеката која води до влез во Џенетот е човекот да умре обожувајќи Го само Аллах и да не Му припишува ништо/никого како здруженик. А патеката која води до влез во Огнот е човекот да умре припишувајќи Му нешто на Аллах, сметајќи го истовремено за рамноправен и сличен со Аллах во Неговата божественост, господство или имиња и својства.
Hadeeth details

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека оној кој му посветува ибадет на некој друг освен на Аллах, како што е довата и барањето помош и умре во таква состојба, ќе биде од жителите на Џехенемот. А Ибн Месуд, радијаллаху анху, додал: „Кој ќе умре, неправејќи ширк-многубоштво кон Аллах, неговиот крај ќе биде во Џенетот.“
Hadeeth details

Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го испрати Муаз ибн Џебел, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен како учител и повикувач во Аллаховата вера, му објасни дека ќе се соочи со народ кои се христијани, за да биде подготвен за нив и да го започне повикот постепено, според важноста на прописите. Прво, да ги повика да го корегираат нивното убедување; да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, бидејќи со тоа се влегува во исламот. Ако го прифатат тоа, да им нареди да го извршуваат намазот, бидејќи намазот е најголемата обврска по тевхидот - сведоштвото дека нема друг вистински бог освен Аллах. Ако го извршуваат намазот, да им нареди на богатите да издвојуваат зекат за сиромашните. Потоа, го предупреди да не го зема најдоброто од нивниот имот, бидејќи обврската е да се даде од средниот имот. И го советуваше да избегнува неправда, за да не го проколне угнетениот, бидејќи неговата дова е прифатена.
Hadeeth details

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека најсреќните луѓе со неговото застапување на Судниот ден ќе бидат оние кои искрено од своето срце ќе кажат: „Нема друг вистински бог освен Аллах“, што значи дека нема друг кој заслужува да биде обожуван освен Него и дека треба да бидат чисти од ширк и лицемерие (дела се прават поради некој друг а не Аллах).
Hadeeth details

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека верувањето се состои од многу ограноци и делови,кои опфаќаат различни форми на дејствување, убедувања и говор. Највредниот и највозвишениот дел на иманот е да кажеме: „Ла илахе иллаллах“, разбирајќи го значењето и делувајќи според според тоа дека Аллах е Еден и единственото божество кое може/смее да се обожува и ибадетите можеме само заради Него да ги правиме. А најнискиот огранок на иманот е да отстраниме од патот секоја препрека која им пречи на луѓето. И на крајот Пратеникот, алејхи селам, ни кажа дека Срамот е дел од верувањето, а тоа е морално својство кое нè поттикнува да правиме убави работи и да ги избегнуваме грдите и неприкладните.
Hadeeth details