The Encyclopedia of Ar-Rahman's Guests

Selected material for Pilgrims and Um-rah teaching it in languages of the world

Selected content

Повеќе...

Selected Quranic verses

158. Сафа и Мерва[49], навистина, се Аллахови обредни места. Затоа тој што ќе ја посети Ќаба за аџилак[50] или умра[51], не прави никаков престап ако ги обиколи. А тој што доброволно ќе направи некое добро дело, па, Аллах е навистина Благодарен и знае сè.
[سورة البقرة ] • 158
197. Аџилакот е во познатите месеци;[60] тој што ќе се обврзе дека во нив ќе изврши аџилак не смее да има однос со сопругата, ниту нешто лошо да прави, ниту да се препира во текот на аџилакот. А за доброто кое ќе го сторите Аллах знае. Снабдете се за на пат, а најдоброто снабдување е богобојазливоста. И плашете се од Мене, о, вие со разум обдарени!
[سورة البقرة ] • 197
199. А потоа тргнете од каде што тргнуваат и останатите луѓе и барајте прошка од Аллах. Аллах навистина простува и Милостив е.
[سورة البقرة ] • 199
201. А има и такви што велат: „Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот!“
[سورة البقرة ] • 201
203. И спомнувајте Го Аллах во одредените денови![64] А на тој што ќе побрза, па ќе го стори тоа во два дена, не му е грев, како што не му е грев ни на тој што подолго ќе остане, доколку е богобојазлив. И плашете се од Аллах и знајте дека пред Него сите ќе бидете оживеани.
[سورة البقرة ] • 203
Повеќе...

Selected prophetic hadiths

Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, вели: „Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцето ни затрепери а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и внимавајте на измислени работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
صحيح
رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој повикува на добро, ќе ја има и наградата на оние што го прават тоа, без да им ја намали нивната награда, а оној што повикува на зло, ќе го носи гревот како на оние што го прават тоа, без да им ги намали нивните гревови.“
صحيح
رواه مسلم
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се молеше и го кажуваше следното: „Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали“ (Аллаху, ја барам Твојата заштита од казната во гробот и од казната во пеколот, од искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на лажниот Месија Деџал.)“ Во Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе биде на последниот тешехуд, нека побара од Аллах засолниште за четири работи: Казната на кабурот, искушението на животот, искушението на смртта и од злото на лажниот месија Деџал.“
صحيح
متفق عليه
Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е да кажеме: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене ‘абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ (Аллаху Ти си мој Господар, нема друг Бог освен Тебе, Ме создаде и јас сум Твој роб и колку што можам ќе се трудам да го извршам мојот завет кон Тебе, заштити ме од лошото што го направив, ги признавам Твоите благодати кон мене и ги потврдувам моите гревови. Прости ми, затоа што единствено Ти простуваш гревови). Ако ова го изговори наутро, убеден дека е вистина, па умре тој ден, ќе влезе во Џенетот, а ако тоа го изговори навечер, убеден дека е вистина, па умре таа ноќ, ќе влезе во Џенетот.“
صحيح
رواه البخاري
Се пренесува дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, како во оваа моја куќа вели: „Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот умет па им олесни и Ти олесни му."
صحيح
رواه مسلم
Повеќе...